Движењето Беса, го повикува лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да поднесе оставка, заедно со Рамиз Мерко и други функционери на неговата партија, за да го отвори патот за истрага од страна на државните органи, по последователните индикации за корупција и манипулација меѓу функционерите и неговото семејство, пишува Алсат.

Сепак, шефот на Беса Билал Касами, се сомнева дека Ахмети ќе стори такво нешто бидејќи, како што вели, тој не е искрен во своите повици за истрага.

„Знаеме дека истрагата на нашите американски пријатели не е доволна, затоа јавете се во обвинителството за да го истражиме џамбазот од Струга, Мерко, но ќе ве прашаме нешто: за кое обвинителство зборувате? За обвинителството кое го води вашиот слуга? За она кое е заробено од вас? Мислите на обвинителството предводено од Ислам, кој исто како и твојот внук, не знаеше како завршил во вашите домови сликајќи се со тебе и твоето семејство? Како вашиот внук успеал преку ноќ наутро се разбуди со капитал од 32 милиони евра?Ќ, изјави Билал Касами, претседател на Движењето Беса.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да објавува и други информации поврзани со внукот на лидерот на ДУИ, Дрин Ахмети и неговата фирма „Тор Индустрис“.

Со демант се оглаисја од компанијата „Тхор Индустрииес“ во кој наведуваат дека се работи за комплетна невистина и погрешна пласирана информација во јавноста.

„Ваквите лажни тврдења прават штета на компанијата „Тхор Индустриес“, како и на личниот углед на сопственикот Дрин Ахмети. Исто така, „Тхор Индустриес“ бара јавно извинување од страна на ВМРО-ДПМНЕ и господинот Ковачки, во спротивно ќе ги превземе сите правни дејствија за претрпената штета од невистините изнесени од страна на господинот Ковачки“, се вели во демантот од Дрин Ахмети.

Според ВМРО-ДПМНЕ, со актуелното обвинителство, кланот од Зајаз е заштитен, но одговорност ќе има по промената на власта.