Лимузините дојдоа посебно – украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба беше пречекан од неговиот турски колега, а потоа пристигна и рускиот министер Сергеј Лавров. Огромен е интересот за овие разговори, вели Би-би-си.
Прес-собата во Анталија е преполна со меѓународни новинари.
Самите разговори се зад затворени врати – и руската и украинската делегација ветија прес-конференции кога ќе завршат.
Кулеба рече дека очекувањата се мали и дека успехот ќе зависи од „инструкциите“ што Лавров ќе ги добие од Москва.
Има многу шпекулации за сигналите од Кремљ пред неколку дена, кои некои ги толкуваат како омекнување на руската позиција, вели Би-би-си.
Прес-службата на украинското Министерство за надворешни работи на Фејсбук објави дека украинскиот министер за надворешни работи претходно го информирал својот турски колега Мевлут Чавушоглу за актуелната ситуација со рускиот напад врз Украина, воените злосторства и гранатирањето цивилни објекти од страна на руските војници во украинските градови.
🇺🇦 Глава МЗС Дмитро Кулеба прибув до Анталії. Там заплановані переговори з міністром закордонних справ росії Лавровим. pic.twitter.com/SH2bcu1v6y
— Телеканал "Прямий" (@prm_ua) March 10, 2022
Министрите разговарале за чекорите за ставање крај на руските непријателства и војната на украинска територија, се вели во соопштението.
Кулеба му се заблагодарил на Чавушоглу за иницијативата да се организира средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
#Turkiye: Cavusoglu se sastao s Kulebom uoči trilateralnog sastanka u Antaliji https://t.co/VPOcRB0GLz #Turkiye #MevlutCavusoglu #DmytroKuleba #Ukrajina #Antalija pic.twitter.com/KansZwUHKe
— ANADOLU AGENCY (BHS) (@aa_balkans) March 10, 2022
Кулеба навел три клучни прашања на кои ќе инсистира на трилатералната средба со Лавров, како што е итен прекин на огнот, подобрување на хуманитарната ситуација во Мариупол, Харков, Суми, Волноваха и други украински градови и повлекување на руските војници од Украина.
Украинскиот министер ја повикал Турција да ја продолжи соработката со Москва за запирање на конфликтот во Украина.