Четирисет и деветгодишна жена од Скопје пријавила напад во полиција, пренесуваат од Министерството за внатрешни работи.

„С.В.(49) од Скопје синоќа во 20:07 часот во Полициската станица Ѓорче Петров пријавила дека во 19:45 часот на паркинг на подрачје на Ѓорче Петров била физички нападната од О.Ѓ.(40) од Скопје“, велат од МВР.

Според пријавата, нападот бил по претходна расправија. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.