Бет Корбер, истражувачка во Националната лабораторија „Лос Алмос“ во Ново Мексико, откри нешто што се карактеризира како „прилично јесен“ доказ за силно мутирана хибридна верзија на коронавирусот, која произлегува од спојување на геноми на две варијанти на коронавирусот.
Хибридниот вирус е резултат на рекомбинација на варијантата „B117“, многу заразна верзија која потекнува од Велика Британија, комбинирана со мутација што била најдена во Калифорнија наречена „B1429“, известува „New Scientist“.
Овој хибрид може да биде одговорен за неодамнешниот бран на нови случаи во Лос Анџелес затоа што носи мутација што го прави отпорен на некои антитела.
Доколку се потврди, ова ќе биде првиот мутиран хибрид што ќе се открие во оваа пандемија. Во декември и јануари, две истражувачки групи независно објавија дека не виделе докази за генетска рекомбинација, иако долго време се очекуваше, бидејќи тоа е вообичаено кај коронавирусите.
За разлика од редовните мутации, каде промените се акумулираат една по една, а тоа е начинот на кој се појавиле варијантите како што е „B117“, рекомбинациајта може да обедини повеќе мутации во една.
„Рекомбинацијата може да биде од голема еволутивна важност“, вели Франсоа Балу од Универзитетскиот колеџ во Лондон. Многумина сметаат дека на истиот принцип настанал и „SARS-CoV-2“.
Рекомбинацијата може да доведе до појава на нови и уште поопасни варијанти, иако сè уште не е јасно колкава закана може да претставува овој новооткриен хибрид.
Корбер видела само еден рекомбинантен геном меѓу илајдници секвенци и не е јасно дали вирусот се пренесува од личност на личност или е еднократна појава.