Како што стојат работите сега, може многу лесно да се смени календарот на Формула 1 за остатокот од сезоната.

Европскиот дел од календарот ќе биде исполнет како што е планирано, додека проблеми може да се појават кога најбрзиот октански циркус во светот ќе се пресели во Азија.

Имено, трките за Големата награда на Јапонија и Сингапур сè уште не се потврдени, па постои можност за промени кога се работи за трки во октомври.

Првите кандидати да ги заменат Јапонија и Сингапур се Муџело и Нирбургринг исто како и минатата сезона, но проблем е времето затоа што во овој период од годината во Европа е прилично студено.

Беше побарано и одржување на три трки во областа Северна и Јужна Америка. Тоа е безбедна трка во САД на инсистирање на Либерти Емдија, додека е под знак прашалник што ќе се случи со Мексико и Бразил.

Последните две трки во сезоната, ГП во Саудиска Арабија и Абу Даби не се доведени во прашање, но таа во Австралија исто така е топ прашалник, па повторно може да се вози во Шакир во Бахреин.