Истече рокот на нафтените компании кои тргуваат со мазут на големо, а до Регулаторната комисија за енергетика можеа да образложат зошто да не им биде одземена лиценцата, односно зошто немале резерви на мазут. До РКЕ досега стигнале поплаки од две фирми, а регулаторот не открива кои се тие.

Advertisements

„Пристигнати се два одговора, но постои можност останатите да се во процес на испорака по пошта, за што праксата покажува дека има мало отстапување од датумот на испраќање до датум на прием“, велат од Регулаторна комисија за енергетика.

РКЕ пред една недела отвори постапка за одземање на лиценци за четири нафтени компании, скопските РКМ, Супертрејд, Пертинакс и кавадаречката Ли-Оил, бидејќи немале оперативни резерви на мазут. Постапката за одземање на лиценци доаѓа по скандалот во земјава за увезнно отпадно масло кое на Царина било декларирано како да е мазут. Тоа гориво е штетно по здравјето и животот на граѓаните, а може да се користи во бродови на отворени води и во погони за струја. Фирмата „Евротим“, која според сторијата на ИРЛ, го донела во земјава спорниот мазут има забрана да тргува со гориво. Екологистите на РКЕ веќе им посочија да отворат постапка за одземање на лиценца и на фирмите кои ги труеле граѓаните.

За скандалот со мазутот скопското обвинителство отвори предистрага, откако од Владата ги испратија извештаите на пазарниот и еколошкиот инспекторат по извршените инспекции и анализи, како и податоците од Царинската управа за увезениот мазут во земјава. По инспекциите седум фирми во земјава добија казна околу 50 000 евра за нелегален увоз, немање резерви, складирање и продажба на спорен мазут.

Игор Стефановски