Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во изјава за Канал 5 истакна дека две македонски семејства побарале помош од Амбасадата во Киев.
„Досега имавме неколку апели за да се искористат сите комерцијални летови за да се вратат во Скопје. Дел од нив се вратија, дел не. Во комуникација сум со нашата амбасада таму од утринава. Имаме неколку граѓани кои што бараат одредени документи за да можат да ја напуштат земјата“, вели Османи.
Тој додаде дека веќе со недели имаат апели со цел да не се случи да бидат блокирани патиштата или начините за излез во пресрет.