Две лица од Скопје биле пронајдени починати во својот дом, информираaт од Министерството за внатрешни работи.
СВР Скопје објави дека по претходна пријава, во сопствениот дом на улицата „Босна и Херцеговина“ биле пронајдени починати А. М. (58) и С. М. (57).
Смрт констатирал лекар од итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите биле предадени во Институтот за судска медицина на обдукција.