Две лица се приведени по пукањето кон полициски службеник кај кружниот тек во Ѓорче Петров, информираат од Министерството за внатрешни работи за ТВ21.
Имено, попладнево кај кружниот тек во населбата Ѓорче Петров во близина на црквата Свети Петар и Павле од лице кое се наоѓале во возило марка Голф било пукано кон возило марка Мерцедес во кое се наоѓал полициски службеник.