Во тешка сообраќајна несреќа во близината на Ресен попладнево, загинале две лица, пренесува порталот „Центар“.
Несреќата се случила на местото викано „Макази“ на излезот од Ресен кон Битола.
Во несреќата се судриле автомобил и камион. Две машки лица починале на лице место. Полицијата врши увид.