Втората генерација на вакцини против ковид-19, развиени од „Кјурвак“ и „Глаксо-Смит-Клајн“ е дизајнирана да заштити од различни варијанти на коронавирусот и произведе високо ниво на имунолошки одговор при тестирање врз стаорци, соопштија денеска компаниите.
Станува збор за единечна доза на вакцина која користи mRNA технологија, слична на успешната вакцина развиена од „Фајзер/Бионтек“ и „Модерна“.
Почетокот на клиничките испитувања на вакцината кај луѓе се очекува во третиот квартал од оваа година.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.