Струмичките карневалски групи на Здружението „Струма“ и на ОУ „Маршал Тито“ учествуваа на четвртиот Меѓународен карневал во Тиват, Црна Гора, којшто се оддржува денеска и утре.
-Нашите впечатливи маски од последното издание на Струмичкиот карневал оставија силен впечаток кај многубројната публика во Тиват и како многу пати досега успешно го презентиравме Струмичкиот карневал и нашите карневалски креации, информираа од Здружението „Струма“.
Меѓу големиот број учесници од над десет земји, карневалските групи се претставија со маските „Порака“ и „Моќта на боговите“.