Момчето што лани во април ја прегази 20-годишната Верица Белчовска на пешачки премин во центарот на Струмица доби затворска казна од две години и шест месеци.

Одлуката ја донесе штипска Апелација по пет месеци од пресудата на Основниот суд во Струмица. Со новата пресуда на штипска Апелација, двојно се зголемува казната од година и три месеци, но за мајката на Верица тоа е неприфатливо ниска казна.

Адвокатката на Белчовски, Сања Мирчов, вели дека Апелациониот суд не ги известил за одржувањето на јавната седница, за да може семејството да присуствува и да ја искаже болката за загубата.

Потсетуваме дека семејството на Верица по нејзината смрт одлучи да се донираат нејзините органи.