Две деца кои биле на одмор во Истанбул заедно со своите родители починале од труење со храна. Родителите на децата се на интензивна нега во болницата.
И покрај сите напори, децата на возраст од шест и три години не можеле да се спасат. Родителите се уште се на интензивна нега – изјавил покраинскиот директор на истанбулската филијала на турското Министерство за здравство, пренесуваат медиумите во регионот.
Доктор Абдула Емре Ѓунер изјавил дека е започната истрага од страна на здравствената управа.
Според приватната телевизија НТВ, која се повикува на полициската истрага, семејството е по потекло од Германија и било на одмор во Турција.
Локалните медиуми јавуваат дека труењето со храна најверојатно дошло од школки купени од уличен продавач и полнети компири – популарна улична храна – кои ги јаделе во вторникот во туристичката област Ортакој, на европската страна од Босфорот.
Овој дел од Истанбул, според медиумите е многу популарен и познат по својата таканаречена улична храна.
Фото: принтскрин
Текстот Две деца на возраст од три и шест години починале поради труење со храна во Истанбул е превземен од МАКФАКС.























