Две бараки на ул. „Бранко Заревски“ во Драчево вечерва биле зафатени со пожар, кој по интервенција на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје е локализиран.

– Нема повредени во пожарат,  а причинета е материјална штета. Се работи на расчитување на теренот, изјави за МИА Звонко Томевски, командир на БППЗ на Град Скопје.

Интервенирано е со 25 пожарникари и девет противпожарни возила.

Според информациите на Центарот за управување со кризи, пожарот избувнал на   кровна конструкција од барака на ул. „Бранко Заревски“ во Драчево.