Државните обвинители од 12 сојузни држави во понеделникот поднесоа тужба против администрацијата на американскиот претседател eо Бајден, откако тој издаде извршна наредба во јануари, со која конкретно се предвидува утврдување на таканаречените социјални трошоци за емисија на стакленички гасови
Администрацијата на Бајден е тужена од Мисури, Аризона, Арканзас, Индијана, Канзас, Монтана, Небраска, Охајо, Оклахома, Јужна Каролина, Тенеси и Јута.
– Advertisement –
Судскиот процес го води јавниот обвинител на Мисури, Ерик Шмит.
„Утврдувањето на социјалните трошоци на стакленички гасови е во суштина шпекулативна, политички мотивирана и недефинирана задача, која вклучува обид да се предвидат непредвидливи околности како што се миграција на луѓе, меѓународни конфликти и глобални катастрофи за стотици години“, се вели во тужбата.