Денеска околу 17 часот на патниот правец Прилеп-Росоман, во близина на селото Радобил, се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Во незгодата повредени се пет лица, од кои три се пренесени во болницата во Прилеп, а две во болницата во Кавадарци. Лекар констатирал смрт кај две лица, соопшти МВР.
Од 18 часот сообраќајот на овој потег се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.
Полицијата врши увид, по чие завршување јавноста ќе биде дополнително информирана за деталите од несреќата.
Текстот Двajца загинаа во сообраќајка кај Плетвар, петмина повредени е превземен од МАКФАКС.























