Околу 20 проценти од граѓаните не се појавиле на терминот за вакцинација.
Од 18.925 термини закажани за вакцинација, 3.407 термини не се реализирани.
Причините се непознати, дел најверојатно поради здравствената состојба, некои добиле покачена температура или во меѓувреме се соочиле со други проблеми, но има и такви кои се предомислиле.
Според надлежните, тоа се информации кои самите граѓани ќе ги дадат на матичен лекар доколку повторно решат да се пријават за вакцина. Од МЗ велат и покрај тоа што не се појавиле на својот термин, ќе имаат повторно можност за вакцинација.
Можност за вакцина ќе имаат, им следува, но треба да се пријават директно на веб страната или преку матичниот лекар кој ќе им закаже преку Мој термин. Ќе чекаат повторно да дојдат на ред во зависност од термините по старосните групи. Во меѓувреме приоритет се оние кои веќе добиле термин, велат од МЗ.
Вакцини на располагање има уште околу 5000. 2500 Спутник В и нешто приближно на Астра Зенека. Станува збор за количини кои се во депото на институтот за јавно здравје и допрва треба да бидат распоредени во пунктовите низ државата.
Во меѓувреме 2.000 вакцини се примени од кинескиот производител Синофарм, како донација од Обединетите Арапски Емирати, се очекуваат уште 200.000 кинески вакцини до крајот на месецот преку директно купување од Пекинг.
Според планот на МЗ до денеска во спортската сала Борис Трајковски каде се одвива масовна имунизација, се вакцинираа граѓани кои се вработени во АРМ, полиција, воспитувачи, наставници, вработени во медиуми, во правосудниот систем и Собрание. Од утре продолжува имунизација според возраста. Како ќе доаѓаат понатаму вакцини ќе се надополнуваат двата системи најави министерот.
До сега над 26 000 граѓани се вакцинирани од почетокот на процесот на имунизација, додека околу 160 000 други кои се пријавени, чекаат термин за вакцинација.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.