Во спасувачките операции што се одвиваат во Карлово и околината во Бугарија се вклучи и втор воен хеликоптер, јавуваат од Бугарската армија, пренесува Трибуна.

Хеликоптерот ќе се користи за испорака на прехранбени производи, вода и други основни потреби за погодените од поплавата и спасувачките екипи кои работат во селата погодени од поројните дождови во околината на Карлово.

Претходно денеска, друг воен хеликоптер „Кугар“ превезуваше повредени од невремето што го зафати регионот.