Многумина од нас не знаат колку симптоми, здравствени проблеми и болести се, всушност, резултат на преоптоварување на овој веројатно најважен чувар на нашето здравје.

Кога станува збор за црниот дроб, не се сведува сè на хепатитис, цироза и рак на црниот дроб. Многумина од нас не знаат колку симптоми, здравствени проблеми и болести се, всушност, резултат на преоптоварување на овој веројатно најважен чувар на нашето здравје.

Речиси секоја болест (од лесни симптоми до проблеми со дигестивниот систем, емоционални превирања, проблеми со телесната тежина, срцеви проблеми, ментална конфузија, кожни нарушувања и други хронични заболувања) е последица на преоптоварување на црниот дроб. Сите овие состојби можат да се лекуваат ако научиме да ја негуваме и почитуваме моќта на овој важен орган. Како?

Сок за здрав црн дроб

Потребни состојки:

– 2 јаболка
– 2 чаши крупно сечкан ананас
-1 парче ѓумбир (2,5 см)
– 1 сноп лисја од целер
– 1 шолја свеж магдонос

Дополнителни состојки:

– 1 чаша никулци
– 4 мали ротквици
– 1 мала шолја ливчиња од глуварче

Во соковникот направете сок од јаболката, ананасот, ѓумбирот, целерот и магдоносот. По желба, во соковникот обработете која било од дополнителните состојки. Консумирајте веднаш. Исто така, можете да ги измешате сите состојки во блендер па да ги исцедите преку газа.

Салата за здрав црн дроб

Потребни состојки (за две порции):

– 3 чаши исечкани домати
– 1 шолја исечкани краставици
– 1 шолја исечкан целер
– 1 чаша исечкани свежи лисја од коријандер (по избор)
– ½ шолја исечкан млад кромид
– 8 шолји мешавина од млади салати (млад спанаќ, рукола, „путер“ марула…)
– сок од 1 лимон, лимета или портокал

Прелив за салатата од портокал (по желба):

– 1 шолја сок од портокал
– 1 чешне лук
– 1 лажичка мед
– ¼ шолја вода
– 1/8 лажичка сол (по избор)
– 1/8 лажичка лута пиперка (по избор)

Во сад измешајте ги сите состојки на салатата, па по желба зачинете со преливот од портокал.