Идентификувани се двајцата удавени туристи во Спиле, Албанија. Станува збор за граѓани на Битола кои веќе 6 години постојано летувале во ова место. Според албанските медиуми, тоа се Р. Дамковски (77 години) и Ц. Митановски (79), двајца блиски пријатели кои дошле заедно со група од 52 туристи за да уживаат на албанскиот брег. По ручекот, тројца од нив влегоел во морето, но само еден успеал да излезе. 79-годишниот Митановски боледувал од срцеви заболувања. За тројцата ова бил четврти ден откако дошле во Спиле.