Двајца пријатели повеќе од две години работеле напорно за да произведат кожа од кактус што може да ја замени кожата од животинско потекло која има текстура и чистота на вистинска кожа без додавање на хемикалии.

Честопати се зборува за фактот дека секој од нас може и треба да придонесе за спас на нашата планета, што звучи нејасно и во најмала рака како преголем залак, но навистина секој од нас може да преземе нешто со цел да помогне да застанеме на вистинскиот пат, велат експертите за животна средина.

Двајца млади претприемачи од Мексико, Адријан Лопез Веларде и Марте Казарес развиле метод за претворање на кактуси во веганска кожа, која изгледа и делува како вистинската кожа.

Instagram
Instagram

Марте и Адријан со години работеле во автомобилската индурстрија, ги напуштиле своите работни места и решиле да се посветат на нивниот заеднички проект. Тие посветиле неколку години на смислување на нешто неверојатно што може да го промени светот.

Instagram
Instagram

Им требале околу две години додека конечно да го завршат процесот на изработка на кожа од кактус и во јуни 2019 година ја пуштија на пазарот.

Instagram
Instagram

Од каде дошле на идејата да произведат кожа од кактус? Одоговорот е многу едноставен. Затоа што на ова растение не му е потреба многу вода за да расте, а воедно е исклучително издржливо и силно и може да се справи со промените на температурите.

Покрај тоа, кактусите ги има во изобилство во Мексико, па материјалот им бил достапен.

Instagram
Instagram

Новата веганска кожа што ја дизајнирале двајцата пријатели ја нарекле „Desserto“ и тоа е првиот еколошки, органски материјал во светот направен од кактусот „Nopal“.

Материјалот се смета за многу издржлив и без додатоци на токсични хемикалии, а компанијата нуди голема рановидност на бои, дебелини и текстури.

Instagram
Instagram

Тие наоѓаат и исекуваат зрели парчиња од кактус, ги чистат, ги пасираат и потоа ги сушат под сонце три дена, по што продолжуваат да го обработуваат материјалот.

Една од најфасцинантните работи во врска со овој вегански материјал е тоа што изгледа како вистинска кожа. Еластична е, дише и е многу прилагодлива, велат од компанијата. Нешто што може да се изработи од класична кожа, може да се изработи и од оваа патентирана еколошка кожа.