Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се под контрола, а 29 се изгаснати, извести Центарот за управување со кризи.

Активни се пожарите во општина Липково – село Никуштак (гори нискостеблеста деградирана шума и дабова шума) и во општина Студеничани – село Варвара и село Драчевица (гори мешана шума и ниска вегетација).

Како што информираше ЦУК под контрола се пожарите во општина Берово – Дрџински рид, м.в. Стојковото, село Русиново (дабова и букова шума и папрат) и во општина Гази Баба – Вардариште (ѓубриште).

Изгаснати се 29 пожари.

Текстот Два активни пожари во државата, два се под контрола, а 29 се изгаснати е превземен од МАКФАКС.