Две лица од Кичево се лишени од слобода откако вербално и физички нападнале полициски службеници при сообраќајна контрола во градот, соопштија од полицијата.
Настанот се случил на 24 јануари 2026 година во 00:15 часот, на крстосницата меѓу улиците „Драге Карбуничанец“ и „Прилепска“ во Кичево, кога полициски службеници сопреле патничко моторно возило бмв, управувано од А.А. (31) од Кичево.
Според пријавата, А.А. (31) и Б.М. (20), исто така од Кичево, најпрвин вербално, а потоа и физички ги нападнале униформираните полициски службеници кои вршеле контрола во патниот сообраќај.
По целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Двајца кичевчани приведени по напад врз полициски службеници е превземен од МАКФАКС.























