Две лица од Македонија кои беа повредени во пожарот во „Пулс“ во Кочани рано утринава по 4 часот пристигнаа на лекување во Хрватска. Тие се лекуваат на Клиниката за трауматологија на болничкиот центар „Сестра на милосрдието“ во Загреб.

Заедно со Грција, Бугарија, Србија и Турција, рака на помош им подава и Хрватска на настраданите во големата трагедија во Македонија, каде што 59 лица загинаа во пожар во дискотека, објавуваат хрватските медиуми.

Текстот Двајца повредени во пожарот во Македонија пристигнаа на лекување во Загреб е превземен од МАКФАКС.