Министерот за економија Бесар Дурмиши синоќа изјави дека „една од мерките кои ги најавија како Влада е намалување на данокот на добивка од 10% на 5%“, јавува ТВ21.

-Една од мерките кои ги најавивме како Влада е намалување на данокот на добивка од 10% на 5% за сите компании кои остваруваат добивка од над 50 милиони евра годишно. На тој начин ќе се помогне на бизнисот и ќе се обезбедат повеќе пари во економијата, изјави Дурмиши.