Во јануари 1995 година се случи најшокантниот момент во историјата на Премиер лигата, настан за кој се зборува со големо внимание 26 години подоцна.

Тоа беше на мечот Кристал Палас – Манчестер Јунајтед. Најдобриот играч во лигата, брутално со кунг-фу удар нападна навивач. Ерик Кантона не можеше да ги задржи навредите и ги зеде работите во свои раце.

Кантона „поцрвене“ неколку моменти пред инцидентот и кога го напушташе теренот, слушна пцовка на која ретко кој ќе остане „ладен“, особено не некој што е со темперамент како легендарниот Французин.

„Врати се во Франција со твојата ебана мајка, копиле“, рече еден навивач од трибините. Кога Кантона го слушна ова, тој не можеше да се воздржи.

Тогашниот брилијантен напаѓач скокна, удирајќи го навивачот најпрво со ногата, а потоа со рацете пред да биде запрен од колегите и вработените од Манчестер Јунајтед.

Денес, Кантона воопшто не жали за сè што се случи, туку само жали за една работа, а тоа е што не го удри уште посилно.

„Илјада пати ме навредуваа и јас никогаш не реагирав, но понекогаш си слаб. Жал ми е само за едно. Би сакал да го удрев посилно“, рече 54-годишникот.

Нападот го чинеше Кантон деветмесечна суспензија и 120 часа добротворна работа. „Тие сакаа да бидам пример“, е реченицата што тој ја користи денес за да ја опише тогашната изречена казна.

Французинот се збогуваше на 30-годишна возраст, што во тоа време беше апсолутно изненадување. Тоа беше 1997 година. Одлуката ја објави Сер Алекс Фергусон на само 24 часа пред полуфиналниот натпревар во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.

„Ја сакав таа страст во мене, адреналин. Играв затоа што тоа беше мојот сон како дете. Но, кога сонот стана рутина, не сакав повеќе да играм. Сакав да бидам искрен со себе, со навивачите и со сите“, додаде Кантона.

Меѓу позначајните достигнувања во неговата кариера беа шампион на Франција со Марсеј и на Англија со Лидс Јунајтед и Манчестер Јунајтед. По завршувањето на неговата кариера, тој се обиде својата кариера да ја продолжи како актер, и сè уште се занимава со кинематографија.