Демократската унија за интеграција смета дека прославата на оваа 20-годишнина од Охридскиот договор како основа за функционирање на државата, треба да не најде обединети, а не поделени, додека дневните политики на ВМРО за оваа 20 -годишнина не треба да влијаат во поделба на граѓаните, туку напротив.
ВМРО-ДПМНЕ не треба да заборави дека тие се дел од изготвувањето и потпишувањето на овој договор и нивниот потпис фигурира таму. Овој договор стави крај на конфликтот во 2001 година и бегството од одговорност и неучество во јубилејната манифестација е едноставно политичко лицемерие и со ова ВМРО-ДПМНЕ докажува дека тие се партија која уште работи во политиката со едно етничка линија.
ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Христијан Мицкоски треба да бидат свесни и да не забораваат дека Македонија е членка на НАТО и не треба да отстапува од европските политики за интеграција.
Што се однесува до албанските опозициски партии, тие како и обично не се редат таму каде што се прогресивните сили и нашите сојузници од САД и ЕУ, туку се редат позади ВМРО-ДПМНЕ и не заслужуваат посебно или одвоено внимание од ВМРО-ДПМНЕ.