„Последната одлука на Уставниот суд за отпочнување на постапката за оцена на уставноста на одредбите кои се однесуваат на „припадност на заедницата“ во контекст на вработување во јавниот сектор, или соодветно укинување на „Балансерот“ е само почеток на уништувањето на меѓуетничките односи изградени со голема тешкотија.
Прашањето за укинување на „Балансерот“ ќе отвори и многу нови проблеми во наредниот период кои можат и ќе доведат до рушење на основните темели на Охридскиот договор.
А ова и сами да владеат, без Албанците ВМРО, ЗНАМ и Стоилковиќ немале да го постигнат.
Жалосно е затоа што пропаѓањето на ОД се случува додека во Владата е и коалицијата која ги загуби изборите во албанскиот блок ВЛЕН, кои се заслепени од неколку владини функции.
Но, еве што се случува кога ќе ја нарушите волјата на Албанците и без срам ќе станете вазал на ВМРО, против секој национален интерес.
Веќе јавно е познато дека оваа моноетничка власт, без легитимитет на Албанците, сака да ја врати претходната нееднаквост, затоа ги прашуваме нивните вазали ВЛЕН, во овој дух како што течат работите, дали е следниот чекор констатацијата како „неуставна“ декларирањето на етничката припадност на кандидатите за пратеници? Затоа што на ова алудира Одлуката на Уставниот суд на „Декларацијата за етничка припадност ја нарушува слободата на граѓанинот“! Дали и вие ќе ја оправдате ваквата одлука, како што гласно со ВМРО и ЗНАМ ја оправдувате суспензијата на балансерот“, се вели во соопштението на ДУИ.