„Ахмети и Џафери немаат примено никакво плико и никакво УСБ. ДУИ не е дел од било какви интигрантни сценарија или заговори и нема двојна агенда“, се вели во одговорот од ДУИ за Канал5.
Одговорот на ДУИ доаѓа откако два дена лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека има докази за оската за дејствување на ДУИ, СДС, Груевски и оти можеби треба да им се освежи меморијата за пликоата кои ги добиваа со едно УСБ и Ахмети и Џафери.
Од ДУИ за Канал 5 одговорија дека тврдењата на Мицкоски се неточни. Оттаму повторуваат дека средбите со Груевски за кои зборуваше Ахмети биле за пржинските преговори, и децидно негираат дека некогаш преговарале со екс премиерот за Кривичниот законик, бидејќи, како што велат, во тоа време не постоеше СЈО и нивните обвиненија против него.