ДУИ во партиско соопштение ги нарече председателот на Алијанса за Албанците Зијадин Села и Арбен Таравари бранители на ВМРО-ДПМНЕ. Според владејачката албанска партија токму тоа е причината Алијансата на Села и Таравари да добијат заслужена казна од граѓаните, претрпувајќи драстичен пад на рејтингот со преполовување на бројот на гласови на последните локални избори.

Од ДУИ додаваат дека граѓаните на државата, се целосно свесни дека земјата не треба да скршне од патот на интеграција во Европската Унија и партнерство со САД и дека веќе 20 години го поддржуваат Али Ахмети и ДУИ, како фактор кој решително гичува вредностите на европската демократија во нашата држава.

Според партијата на Али Ахмети Левица и ВМРО се неуспешни пучисти кои преку клевети и популистичка демагогија се обидуваат да се маскираат.