Демократската Унија за Интеграција продолжува да се залага со сите свои кадровски и програмски капацитети во служба на економската благосостојба на граѓаните и подобрувањето на животниот стандард во време на справување со светската економска криза, велат од оваа партија, од каде се пофалија дека ги зголемиле пензиите, просечната и минималната плата.
По зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари и просечната плата на 29.943 денари, трендот на подобрување на животниот стандард на граѓаните го продолжуваме со рекордно зголемување на пензиите на вкупно 326.841 пензионери во земјава.
На средбата со претставниците на здруженијата на пензионерите ја договоривме новата методологија на зголемување на пензиите, со која се предвидува од септември оваа година пензионерите да имаат просечно до 900 денари дополнителни средства секој месец во нивните пензии.
Покрај спроведувањето на оваа економска мерка која овозможува соодветно усогласување на пензиите согласно зголемувањето на минималната плата и трошоците за живот, се обврзавме и овозможивме во месеците март, април и мај на пензионерите да им се обезбеди директна парична помош од 1.000 денари, велат од ДУИ.