Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби од ДУИ, одби да ја коментира судската одлука за „Монструм“ затоа што политиката не се мешала во предметот.
Груби призна дека ДУИ единствено барало да се повтори судскиот процес поради недоверба во јавноста на претходната одлука на судот.
„И тоа го постигнавме. Оттука натаму е работа на обвинителството, на одбраната и на судот во судска постапка да си ги докажат своите аргументи“, изјави Груби.
Тој не сакаше да коментира ниту за изјавите на премиерот Зоран Заев кога се објавуваа „бомбите“,дека невини луѓе се во затвор додавајќи дека одговара само за нивните ставови.