Во синоќешниот дебатен магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостуваа министрите од ДУИ и Беса, Крешник Бектеши и Арјанит Хоџа.
Во студиото имаше жестока дебата, во главно посветена на Тетово.
Претходно, министерот Хоџа изјави дека е спремен да се откаже од министерското мество во Министерството за земјоделство, за да го добијат Тетово.
Дали ова е порака дека се ослободува министерско место за ДУИ или пак, за влез на Алтернатива во Владата на Заев, Хоџа не сакаше да коментира.
Инаку, министрите Хоџа и Бектеши едногласно посочија дека природно е да го поддржат кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов за Скопје, затоа што се коалициони партнери, но и дека тој заслужува втор мандат затоа што многу работеше за градот.