„Полициските акции за борба против корупцијата и организираниот криминал се доказ дека борбата против криминализираните лица ќе биде безкомпромисна и дека од сега па натаму ќе има нулта толеранција, без разлика на етничката припадност или позиција. Партијата нон грата ДУИ го завршува својот режим на најлош можен начин!“, велат од ВЛЕН.
„Сенката на Али Ахмети, Артан Груби и кликата на ДУИ секој ден од овие две децении го искористија за збогатување на нивните џебови, крадење и злоупотреба на власта, станувајќи синоним за криминал и корупција. Денес, последиците се јасни, илјадници Албанци беа принудени да ја напуштат својата татковина во потрага по подобар живот.
ВЛЕН е решен да ја поддржи бескомпромисната борба против криминалот и корупцијата, придонесувајќи за градење фер и чесен систем кој го запира овој егзодус и обезбедува подобра иднина за секој Албанец.
Од моментот кога станавме дел од Владата наидовме на сериозни прекршувања и неправилности на секое поле и институција. И покрај овие предизвици, ВЛЕН работи со целосна посветеност на трансформирање на овој неуспешен систем во функционален и ефективен систем кој им служи на граѓаните, а не на интересните групи.
Го поздравуваме будењето на обвинителството, кое конечно изгледа дека започнува да ја врши својата работа во согласност со законот и очекувањата на граѓаните. Бегството од правдата на лидерите на коцкањето, сенката на Али Ахмети, Артан Груби и Прпарим Бајрами, кои се претставуваа како „чисти како солза“, е уште едно потврдување колку многу тие го злоупотребиле власта.
На сите граѓани им гарантираме дека оние кои чесно и професионално ја вршеле својата должност немаат од што да се плашат. Времето на политички монтирање и елиминации заврши. Институциите се посветени на постапување со секој случај фер и непристрасно, фокусирајќи се на прекршителите на законот, без да прават разлики“, соопшти ВЛЕН.