Пишува: Башким Бакиу
Tие се истите новинари кои ДУИ ја опишуваат како неприкосновена и авангардна, без разлика дали во одредени места се крши избирачкото право, дали се полнат кутии и се кршат основните демократски принципи за фер и демократски избори.
Сведоци сме сите дека на митинзите на ДУИ во Чаир и во Желино еден од присутните извади пиштол и испука неколку истрели во воздух. Иако на тие собири беа присутни и челници на МВР и претставници на ДУИ , овој момент се обидоа да го заобиколат макдонски таканаречни „новинари“, за кои ДУИ е бела мечка и во никој случај, по ниту една цена, не смее да се критикува.
Е сега, замислете што ќе напишеа тие „новинари“ доколку ова се случуваше на митинг на Алијанса и на Алтернативаа. Во утринските емисии и во колумните сигурно ќе имаше дека се нарушуваат безбедноста и сигурноста на граѓаните, дека земјата ни ја претворија во Авганистан и која знае што уште друго.
Овие новинари (сигурно дебело платени од ДУИ) не престанаа да пишуваат и да зборуваат после промоцијата на Зелената агенда и по секоја цена сакаа да ја промовираат кај македонските читатели. Имено, со самиот факт што ДУИ ја “бетонизираше” државата преку нивните локални шерифи, а зелената агенда воопшто не беше атрактивна кај албанските гласачи, новинарите истата ја претставуваа како современа и визионерска, но без да спомнуваат што се случува во Струга, Тетово, Чаир, Сарај и во ред други општини каде зеленилото се уништува наспроти бизнис интересите и бетонизацијата.
Тие се истите новинари кои ДУИ ја опишуваат како неприкосновена и авангардна, без разлика дали во одредени места се крши избирачкото право, дали се полнат кутии и се кршат основните демократски принципи за фер и демократски избори.
Истите новинари не запреа да пишуваат за успехот на ДУИ, а само еден новинар воопшто пишуваше дека најголемиот успех во албанскиот блок го има постигнато опозицијата, бидејќи на претходните избори од 2 пратеника достигнаа до 12 пратеници.
И сега, кога веќе се кршат табуата за предизборна соработка, помеѓу Алијанса за Албанците и Алтернатива и ВМРО-ДПМНЕ и кога ДУИ не е во комодитетот како во изборите во 2017 година, овие новинари умешно се обидуваат дури и Заев да го советуваат што треба да каже – се разбира, за Заев совет без пари, заради атер на ДУИ.
А да не зборувам за трагедијата во Тетово. Мисијата на овие новинари беше да се смири префрлувањето на одговорноста од министерот за здравство и од директорот на болницата во Тетово и да се промовира темата на коалицијата. Нормално, критикувајќи, заобиколувајќи ја темата за трагедијата, потценувајќи ги читателите.
„Нормално“, за нив народот не памти, секое чудо три дена трае.