Недостигот на доволна помош од Европската Унија за Полска и Унгарија, кои прифаќаат бегалци од Украина, го поткопува европското единство, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда на заедничката прес-конференција со унгарската претседателка Каталин Новак.
Како што истакна Дуда, Варшава и Будимпешта не добиваат доволно средства од Брисел за да им помогнат на бегалците од Украина. – Овој тип на политика го поткопува европското единство, рече тој.
– Како претседател на Полска, сакам да ги уверам сите гости од Украина кои се засолниле овде по војната дека ќе добијат помош во Полска, без оглед на одлуките на Европската комисија и другите европски институции, додаде Дуда.
Според последните податоци, околу 3,4 милиони бегалци од Украина пристигнале во Полска од 24 февруари, по што некои преминале во други земји-чле.нки на ЕУ. Во Полска останаа околу два милиони бегалци. Заменик-министерот за внатрешни работи Павел Шефернакер вчера изјави дека на Полска и се потребни повеќе средства од ЕУ за да им помогне на бегалците од Украина, бидејќи 95 отсто од нејзините сопствени средства се веќе искористени.
Околу 700.000 бегалци од Украина пристигнаа во Унгарија од почетокот на руската инвазија на 24 февруари