Државниот завод за статистика ги отфрла пишувањата на некои медиуми дека бара одложување на Пописот поради состојбата со коронавирусот.

Од ДЗС денеска информираат дека забрзано се подготвуваат за теренските пописни активности, кои се одвиваат во согласност со планираните рокови.

-Сите мерки предвидени со Протоколот донесен од страна на Комисијата за заразни болести и Владата на РСМ се почитуваат и со нив се гарантира безбедноста на сите учесници во Пописот. Пописот ќе започне на 1 април 2021 година, се наведува во соопштението на ДЗС.