Со решение на Државниот инспекторат за животна средина, цементарницата „Титан УСЈЕ“ во рок од 5 дена ќе мора да почне да се грее на гас, наместо на мазут како што тоа го правел досега.

Министерството за животна средна во акција со Град Скопје на 3 и 4 јануари извршило мерење на емисија на гасови и прашина од оџаците, и било констатирано дека оџаците, како и котланата за загревање на деловните простории, наместо на гас, работи на мазут и има надминувања на дозволените параметри.

Доколку УСЈЕ продолжи да се грее на мазут, Инспекторатот ќе поднесе барање за поведување прекршочна и кривична постапка.

Градоначалничката Данела Арсовска вчера на прес-конференција кажа дека УСЈЕ го загадува воздухот во Скопје, и најави кривична пријава за фабриката. Ваквите изјави ги негираа од цементарницата.