Доделената државната помош за домашните фирми не ги дала посакуваните резултати. Според Институтот за економски анализи Фајнанс Тинк, позитивни ефекти се покажале само во однос на бројот на ново отворени работни места. Универзитетскиот професор Марјан Петрески вели, негативни ефекти кон државата нема, но отсуствуваат позитивни резултати од доделената државна финансиска помош.

Advertisements

„Доделената државна помош преку Законот за финансиска помош на инвестициите во голема мера била неефективна. Односно кај мерените 12 исходи постои позитивен резултат само кај вработеноста“, рече Мајран Петрески, универзитетски професор.

Одговорниот за економските политики на Владата Фатмир Битиќи вели дека за подобри резултати и подобра ефикасност на државната помош ќе се менува законската регулатива. Освен менување на условите за аплицирање, на располагање граѓаните и компаниите ќе имаат и Регистар на државна помош.

,„Вкупно имаме потрошено 70 милиони евра за поддршка на 800 компании, по Законот за финансиска поддршка на инвестициите и по Фондот за иновации. Само за потсетување, имавме време во кое беа потрошени 250 милиони евра за 15 компании, со ефект од 15 илјади вработени. А, ефектот од 80 милиони за 800 компании е 80 илјади вработени“, рече Фатмир Битиќи вицепремиер за економија.

Преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите државата потпиша договори со 245 домашни компании кои добија финансиска помош. А, за овие три години тие фирми добиле нешто над 20 милиони евра. Од програмата на Фондот за иновации пак финансиска поддршка добиле 550 компании.

Иле Петревски