За 6,5 % е намален бројот на живородените бебиња во второто тримесечје од 2022 година, во споредба со истиот период минатата година и изнесува 4 379 живородени деца. Ова станува јасно од информациите објавени од Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица во второто тримесечје од 2022 година бележи намалување од 33.4 % во споредба со истото тримесечје од 2021 година и изнесува 4 760 умрени лица, а од нив 22 се доенчиња.