Заврши истрагата против Јахи Јахиа, поранешниот државен секретар во Министерството за информатичко општество и администрација, осомничен дека зел мито од италијанска фирма на која ѝ оддал доверлици податоци за да победи на тендер. Јавната набавка била со средства од ИПА фондовите на ЕУ, јавува СДК.
Оваа истрага ја води обвинителката за организиран криминал и корупција Маја Коневска.
Вредноста на тендерот е милион и двесте илјади евра. Според регулативата на Европската унија, во државата која е корисник на средства од овие фондови, ако се открие злоупотреба со нив, треба да ги врати сите средства, до евро, колку што бил грантот.
Потоа државата треба овие средства да ги бара од осудените лица, се разбира ако ги осуди судот.
(Целата сторија прочитајте ја на СДК)