Апелацискиот суд неодамна изрече ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски и уште петтмина обвинети во случајот „Ровер“. Па, сега битката ќе биде нова, односно за обештетување. „Фокус“ во својот најнов број пишува дека државата сега најверојатно од народни пари ќе мора да му плати милионска оштета на Љубе Бошковски, кој според Апелација невин лежел во затвор.
„Фокус“ воедно пишува дека поради грешки во правосудниот систем, на обвинители, судии, невини лица завршуваат во затвор, а подоцна сето тоа како обештетување се плаќа од парите на граѓаните.
Во 2013-та Бошкоски беше осуден на 12 години, но во 2015-та година, по трет пат повторено судење, тој доби ослободителна пресуда.
Обвинението за „Ровер“ беше за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев, што се случи во Скопје во јули 2001 година. Основниот суд Скопје 1 во ноември 2014 година во повторена постапка донесе пресуда со која повторно ги прогласи сите десетмина обвинети за виновни.
Поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, тогаш беше осуден за помагање убиство и доби 10,5 години затвор, Зоран Трајковски доби 8,5 години затвор, Сашко Јовановски и Ивица Ристиќ добија по 7 години затвор, а на Гоце Митревски и Никола Негриевски им беа изречени затворски казни од 6 години затвор.