Македонските државјани кои за време на пописот од први до 21 април ќе претсојуваат надвор од земјата, ќе можат да се попишуваат сами преку онлајн апликација, која ќе биде достапна на веб-страната на Државниот завод за статистика.

Попишани гражани кои пшрестојуваат во странство повеќе од 12 месеци ќе се заведат во категоријата како „вкупно нерезидентно население“.

„Услов да се самопопишат е точниот единствен матичен број на граѓанинот (ЕМБГ). Начинот на попишувањето е во согласност со Методологијата за подготовка, организирање и спроведување на пописот на населението, домаќинствата и становите во РСМ 2021 година и Упатството за самопопишување на лицата отсутни во странство, што ги донесува директорот на Државниот завод за статистика“, информираат од Владата.

Граѓаните што живеат во земјата, а во времето на пописот ќе бидад надвор од земјата, попишувањето ќе се врши во нивното последно место на живеење, ако таму има полнолетен член на домаќинството кое може да даде податоци.

„При попишувањето на овие лица, некомплетните податоци нема да ги прифаќа апликацијата и со тоа се отфрла можноста да бидат попишани лица со неточни податоци“, велат од Владата.

Според нив, пописот на привремено иселените граѓни ќе даде информации за човечкиот капитал, бројот и структурата на лицата кои заминале.