Видовме како директорот молеше за амбулантно возило, затоа ние планираме подвижни амбулантни возила за населените места кои се наоѓаат на поголемо растојание од градот да може да се посетат и да им се пружи помош, изјави кандидатот за градоначалник на Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов во дебатата на Телевизија 24 со другите кандидати.
Тој потенцираше дека во неговиот мандат нема да се случи директор да моли за помош, туку дека општината силно ќе се заложи во помош кон здравствениот сектор, затоа тие возила ќе бидат набавени и донирани на општината.
Дрвошанов зборуваше и дека Струмица има огромен проблем со нечистотијат, улиците не се одржуваат и се полни со ѓубре, а дивите депонии кои се сериозен загадувач на животната средина и додаде дека има решенија за истите.