На беровското место викано Долни Шабан, навидум секојдневна работна задача завршила со несреќа. На 19 јуни годинава, двајца мажи – еден од Берово и друг од селото Владимирово – се договориле заедно да истоварат дрва со трактор.

Додека пријавениот Ј.М. (38) го стартувал тракторот, едно од дрвата се откачило и со силен удар го погодило неговиот соработник Д.К. по ногата. Се здобил со тешки телесни повреди

Поради оваа несреќа, беровската канцеларија за криминалистички работи поднесе кривична пријава против Ј.М. за кривично дело „предизвикување општа опасност“.