За прв пат во историјата ќе се вози трка за Големата награда на Формула 1 во Катар.

Тоа ќе биде прва трка во Формула 1 во оваа блискоисточна земја и ќе се одржи во ноември, а од следната година ќе биде на редовниот календар на натпреварите, откако беше потпишан 10-годишен договор со организаторите.

Натпреварувачкиот викенд во Катар е на програмата од 19 до 21 ноември. Трката во Доха, главниот град, ќе биде 20 -та во сезоната.

Раководството на „најбрзиот циркус во светот“ пополни работно место во календарот, откако организаторите ја откажаа трката во Австралија поради пандемија.

“Имаше силна волја на Катар да помогне во Формула 1 и за време на тој процес беше дискутирано и договорено 10-годишно партнерство. Чекорот од гестот за помош до долгорочната стратегија беше краток и едноставен, а визијата за Формула 1 да го претставува Катар, по Светското првенство во 2022 година. беше движечката сила зад овој долгорочен договор“, се вели во соопштението на Ф1.

Трките во шампионатот Мото ГП се одржуваат во Катар од 2004 година.