Прекрасна атмосфера и снимки кои може надалеку да се прераскажуваат за важноста од постоењето на навивачка група, а посебно тоа е истакнато кога се има некаков повод за славје.
Синоќа вистински спектакл во Кавадарци. Снимките и фотографиите кои кружат изгледаат спектакуларно, а многумина се пошегуваа дека личат и на снимките од истокот на светот каде што се водат немири и ракетна војна меѓу Изреал и Хамас.
Шлаг на прекрасната спортски приказна на кавадарчани беше 30-от роденден на најверните фанови „Лозари“.
Погледнете како Кавадарци синоќа изгледаше од воздух: