ТВ21 од владини извори дознава дека вчера на затворена седница на влада поминале предлозите на МНР за амбасадори.
Поранешната градоначалничка на Тетово, Теута Арифи ќе биде назначена за амбасадор на С.Македонија во ЕУ. Актуелниот директор на АНБ според информациите, ќе биде назначен за амбасадор во Париз.
Во амбасадорското место во Вашингтон најверојатно ќе седне Зоран Попов, дипломат со кариера и државен секретар во МНР.
Дритон Куќи е предлог на владата за амбасадор во Норвешка. Мето Белески за амбасадор во Белгија, а пак амбасадорското место во Анкара најверојатно е резервирано за Јован Манасиески.
Овие предлози од МНР веќе се поминати на Влада и треба да стигнат на одобрување кај претседателот на државата.
Потоа, законската процедура предвидува издавање на агреман од земјата-домаќин каде се упатуваат.