Најпрвин, сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите, ја почнува атлетичарката Дрита Ислами својата приказна за искуството со патувањето со агенцијата „Беса турс“ кон Бугарија. „Чувствувам потреба да ги споделам ова лошо искуство, затоа што се работи се за истата агенција што уби 45 луѓе на истото место, во Бугарија“, вели таа.
Во 2019 година, кога требаше да одам на Софискиот аеродром, купив билет од оваа иста компанија. Нивното возило беше запрено од полицијата за технички преглед. Полицијата го запрела уште двапати истата недела, но некако го пуштила, но овој пат НЕ. Заедно со петмина други патници, бевме сведоци дека тоа возило на компанијата не го помина тестот за кочење. Рачната кочница воопшто не работеше!!, раскажува нашата најдобра атлетичарка за порталот Алмакос.
Тогаш, бевме принудени да го продолжиме патувањето со друго, приватно возило, чијшто возач всушност беше „резервен“, во случај првото возило да не го помине техничкиот преглед. Обичен автомобил за пет луѓе, а ние заедно со возачот бевме седуммина, неколкупати ги ризикувавме животите по патот. Нѐ запре бугарската полиција за пребрзо возење, а возачот ги поткупи полицајците со само десет евра!, вели Ислами.